Google создаде навигација за слепи луѓе кои сакаат да трчаат

- Advertisement -

Google тестира систем за вештачка интелигенција кој на слепите луѓе ќе им помогне да можат самостојно да трчаат без потреба со нив да оди некој друг или да користат куче водич. Овој систем се вика Project Guideline, а за да се користи потребен е Android телефон кој корисникот го поставува на кучето и апликација која ја користи камерата од телефонот за следење на линијата на патеката за трчање.

Апликацијата потоа на корисникот му испраќа звук во слушалките со различен интензитет кој му кaжува каде точно се наоѓа во однос на линијата. Апликацијата не мора да се поврзе на интернет за да функционира и може да се прилагоди за различни временски и светлосни услови.

- Advertisement -

Google овој систем го развива во соработка со Томас Пенек, директор на школата за обука на кучиења водичи Guiding Eyes for the Blind, кој се занимава со рекреативно трчање. Во проектот учествуваат и други организации кои поставуваат патеки за трчање и цртаат линии по патеките.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -