НАСА ги избра четирите компании од кои ќе ја откупи Месечевата прашина која планираат да ја ископуваат на Месечината. Иако НАСА редовно избира производители за своите мисии и обично им плаќа милионски суми, овој избор е по малку необичен.
Имено, НАСА ги бираше компаниите кои на отворен натпревар понудија најниска понуда и ќе им го исплаќа договорениот износ на три рати. Но, она што привлече внимание е фактот дека првоизбраната компанија, стартапот Lunar Outpost, за ископаната Месечева прашина побара само 1 долар.
Тоа е прилично чудно кога ќе се земе предвид дека останатите компании добиле по 5, односно 15.000 долари. Освен тоа, патувањето во вселената чини милиони долари, а поставувањето бази на Месечината и каква било активност таму чини и милијарди долари. Тогаш, зошто побарале само 1 долар.
Затоа што натпреварот на НАСА всушност треба да докаже дека на компаниите им е дозволено искористување на Месечевите ресурси во склоп на договорот од 1967 година, но и дека НАСА е спремна да ги плати таквите услуги.
„Сметаме дека е многу битно да се постави преседан дека приватниот сектор може да ги искористува тие ресурси, а дека НАСА може да ги купи и да ги користи не само за свои активности. Ова означува нова динамична ера на јавниот и приватниот развој и истражувањето на Месечината“, порачаа од НАСА.
Не е евтино да се испрати тим на Месечината, па вистинското прашање е кој ќе плати за тоа. Дури и ако се испраќа само мал робот кој ќе собира малку прашина и таа да ја продава на НАСА, тоа може да чини милиони долари.Единственото логично објаснение е рекламата и фактот дека компаниите ќе можат да се фалат како први ги искористувале Месечевите ресурси.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixabay)