- Advertisement -
Канадските власти соопштија дека ја одобртиле вакцината на производителот Pfizer-BioNTek, со што Канада стана третата земја во светот која ја одобри вакцината против корона вирусот после Велика Британија и Бахреин.
„Канаѓаните можат да бидат сигурни дека постапката на разгледување на вакцината беше ригорозна и дека имаме ефкасни системи на контрола“ соопштија од канадското Министерство за здравство.
- Advertisement -
Владата на премиерот Џастин Трудо соопшти во понеделникот дека може да започне вакцинацијата на граѓаните неколку дена после официјалното одобрување на вакцината.
(Bizlife)
- Advertisement -
(фото: Pxhere)
- Advertisement -