Airbnb излезе на берза – вреди двапати повеќе од најголемиот хотелски синџир во светот, Marriott

- Advertisement -

После првиот ден тргување на берза вредноста на Airbnb изнесува повеќе од 86 милијарди долари. Таа бројка е неверојатна со оглед на тоа дека живееме во време на пандемија и туризмот е една од најпогодените индустриски гранки. Компанијата коај е основана пред 12 години веќе некое време се подготвува за своето прво ИПО, а иако зарзата на корона вирусот го одложи озлегувањето на берза, изршниот директор на компанијата, Брајан Чески, сепак се одлучи на тој потег и тоа се покажа како одлична одлука.

Првиот ден од тргувањето на берза вредноста на акциите порасна за неверојатни 112%. ВО првата половина од годинава ретко кој можеше да биде оптимистичен дека тоа ќе биде така. Луѓето ширум светот престанаа да патуваат и бизнисот со изнајмување станови и куќи речиси се стопираше. Airbnb мораше да отпушти околу 1.900 вработени. Сепак, со постепеното отворање на земјите луѓето полека почнаа да патуваат и многумина избираа сместување преку Airbnb наместо во хотели. ОИсто така, поради работењето од дома, многумина ги напуштија големите градови и поминуваат повеќе време на мирни дестинации во сместувачки капацитети кои се изнајмуваат најчесто преку Airbnb.

- Advertisement -

Кога ќе почне масовната вакцинација се очекува и повторно враќање на волуменот на патувања, а иако дел од патниците ќе се вратат во хотелите, дел од нив ќе појдат кај Airbnb. Со моменталната пазарна вредност од 86 милијарди долари Airbnb ја надмина вредноста на Booking и е неколкупати повреден од Expediа. Исто така, двапати е повреден одтколку најголемиот хотелски синџир во светот, Marriott, кој вредни нешто повеќе од 42 милијарди долари.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -