Велика Британија и Русија ги здружуваат силите – AstraZeneca ќе ја тестира својата вакцина заедно со руската Sputnik V

- Advertisement -

Британската фармацевтска компанија AstraZeneca во петокот објави дека ќе ја испитува комбинацијата од својата и руската вакцина Sputnik, која според руските научници може доста да ја зголеми ефикасноста на вакцината на AstraZeneca.

Русите на Twitter минатиот месец сугерираа дека AstraZeneca треба да ја испроба таа комбинација. Од Sputnik V се среќни што еден од своите два вектори може да го споделат со AstraZenecа за да се зголеми ефикасноста на вакцината. Комбинацијата од два различни вектори ќе резултира со поголема ефикасност отколку само еден вектор, објавија руските експерти на 23 ноември.

- Advertisement -

AstraZenec во петокот соопшти дека разгледува како да пристапи на таа комбинација и дека наскоро ќе почне тестирање во соработка со рускиот Институт Гамалеј, кој ја разви вакцината Sputnik V.

Студијата објавена неделава покажува дека вакцината на AstraZenecа, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, има ефикасност од 70,4%. Русија, пак, објави дека нивната вакцина Sputnik V има ефикасност од 92%.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -