Алексов: Стартап заедницата во Струмица има голем потенцијал, време е младите да ги придвижат работите

- Advertisement -


На македонската страртап сцена Струмица има потенцијал етапно да се развива, вели претседателот Дејан Алексов од Стартап Македонија на денешното претставување на дигиталната екосистем платформа како дел од караванот за нејзина промоција низ Македонија.
“Дигиталната екосистем платформа на иновативен и дигитален начин го обединува стартап екосистемот каде ќе има проток на информации помеѓу стартапите и организациите. Денеска во Струмица увидовме дека стартап заедницата има голем потенцијал, така што време е младите да ги придвижат работите. Потребно е секој млад човек кој има иновативна идеја да ја преточи во стартап компанија. Ние сме алатка која треба максимално да ја искористат и се добредојдени во нашето семејство” потенцираше Алексов, претседател на Стартап Македонија.


Од Бизнис Инкубатор Центар Струмица велат дека клучни активности им се промовирањето на технолошкото учење и иновација, инвестирање во младите, како и соработка со државниот и приватниот сектор.
“Нашата мисија е градењето на динамичен стартап екосистем што ќе ги поврзува стартап центрите, технолошките паркови, академската заедница , инкубаторите и “coworking space” за соработка обезбедувајќи услуги за поддршка  и поврзување со меѓународните стартап екосистеми. Промовирање на технолошко учење и иновација, инвестирање во млади, соработка помеѓу приватниот и академскиот сектор, дигитализација и паметна употреба на BigData, се нашите клучни активности за стимулирање на структурните промени, подобрување на конкурентноста на МСП и создавање раст и работни места како и оставарување на SDGs.  Тоа ќе ги поврзе најамбициозните млади и претприемачи со ресурси за развој на нивниот бизнис, истовремено обезбедувајќи им на инвеститорите влезна точка за стартапи со иновативен  потенцијал” појасни Ксенија Вангелова директор на “Бизнис Инкубатор Центар Струмица”.

- Advertisement -


Дигиталната платформа веќе брои 120 регистрирани стартапи и 40  поддржувачи организации кои ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата. Преку тоа овозможува директно поврзување на стартапите и оние кои нудат услуги за раст на самите стартпи, а тоа се поддржувачите организации.
Дел од хибридниот караван се 5 града, Битола, Велес, Тетово, Гостивар и Струмица. Токму во овие градови  партнер организации се ПРЕДА Плус во Битола, X Factor во Велес, SEEUTechPark во Тетово, CoWork во Гостивар и Business Incubator Center & PowerAD во Струмица кои преставуваат локални центри за иновативност и развој на стартапи и со кои континуирано комуницира и соработува со цел основачите на старапи да бидат информирани за тековните инцијативи, отворени повици и идни видови на поддршка за развој на своите бизнис идеи. Дигиталната екосистем платформа и караванот се изведени со поддршка на  долготрајните партнери УСАИД во склоп на проектот за развој на деловниот екосистем.

Сподели!
- Advertisement -