Паметен прстен кој постојано ја мери температурата може да утврди дали кај вас ќе се развие КОВИД-19 дури и ако симптомите што ги имате не се индикативни на таа зараза. Експерти од Универзитетот на Калифорнија и Лабораторијата Линколн на МИТ анализирале податоци од 50 луѓе кои носеле прстени со сензори и имале КОВИД-19 пред студијата.
Ова е првата студија која објавува податоци од проектот наречен TeamPredict. Студијата опфаќа над 65.000 луѓе кои го носеле прстенот Oura на истоимениот фински стартап кој ја мери температурата, срцевиот ритам, дишењето и нивото на активност.
Тие откриле дека податоците за температурата може да се искористат за детектирање на симптомите кои посочуваат на висока температура, а тоа е еден од симптомите на КОВИД-19 и на обичниот грип. Тие предупредуваат дека студијата е само првичен показател и потребни се повеќе податоци.
Авторот на студијата, Бенџамин Смар и неговите колеги откриле дека високата температура се појавува пред испитаниците да пријават какви било симптоми, како и кај тие кои немале други симптоми на вирусот, а биле заразени.
Целта на проектот TeamPredict кој опфаќа 65.000 луѓе кои носат прстен Oura е да се развие алгоритам кој ќе ја предвидува појавата на симптоми на КОВИД-19. Истражувачите се надеваат да ја остварат таа цел до крајот на годината.
(DailyMail)
(фото: Oura screenshot)