Руската вселенска агенција Roscosmos се подготвѕва за замена на модулот на Меѓународната вселенска станива, а космонаутот кој работи на проектот објави видео од својата прва вселенска прошетка. Сергеј Куд-Сверчков на социјалните мреи окбајви кратко четириминутно видео од својата вселенска прошетка, која траела 7 часа. Тој заедно со командантот на Експедицијата 64, Сергеј Ружиков, работел на отстранувањето на деловите од модулот Pirs на 18 ноември, а за да ја завршат таа задача им биле потребни 6 часа и 47 минути.
Ова е првата вселенска прошетка и задача во вакуум за двајцата космонаути. Куд-Сверчков излегувањето надвор од Меѓународната вселенска станица го спореди со искачување на планина, а работата во сенка го потсети на нуркање во пештера, затоа што ништо не се гледало освен опремата која ја осветлувал тој со светилка. Задачата која ја вршел била еднаква на тренингот кој го поминал во комплексот Јури Гагарин во Москва.
Космонаутите го замениле таблетот на модулот Ѕвезда и остраниле некоја опрема од Пирс, која наскоро ќе биде пензионирана и заменета со модулот Наука. Овој нов модеул ќе биде лансиран од космодромот Баиконур во Казахстан. Следната планирана прошетка под називот EVA-48 ќе вклучува подготовка за одвојување на модулот Пирс и поставување на модулот Наука.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)