Samsung патентираше технологија за отклучување телефон со скенирање на дланките

- Advertisement -

Samsung поднесе патент за употреба на технологија за скенирање на дланките на рацете за отклучување на паметните телефони. Со оваа технологија телефонот нема да се отклучи веднаш откако ќе си ја скенирате дланката туку ќе ви помогне да се сетите на заборавената лозинка. На пример, на екранот ќе се појави слика на дланка со измешани бројки и букви кои на секој отстрана нема да му значатништо, но вам ќе ви помогнат да се ссетите на лозинката, пишува The Verge.

Патентот од 42 страници вели дека корисниците најпрвин ќе треба да си ја фотографираат дланката со задната камера за да го потврдат идентитетот. Доколку линиите на дланката се совпаѓаат со претходно внесените, телефонот на Samsung на екранот ќе ви покаже нешто што ќе ви помогне да се присетите. Samsung на своите телефони веќе нуди скенирање на зеница, препознавање на лице, идентификација со отпечаток и пин кодови, па оваа опција само е додаток на таа долга листа.

Сподели!
- Advertisement -