Најевтиниот поединечен широкопојасен интернет во светот го има Украина, додека Србија и БиХ се најевтини во регионот, покажа најновото истражување на британската компанија Cable.co.uk.
Истражувањето, спроведено во периодот од 29 октомври до 9 декември годинава, споредени се 3.288 понуди на широкопојасен пристап до фиксна мрежа во 211 земји.
Украинскиот пакет на широкопојасен интернет чини само 6,41 американски долари, додека Србија е на 29. место со цена од 18,24 долари месечно. БиХ се наоѓа на 36. место на ранг листата со просечна цена од 21,67 долари.
Хрватска е на 45. место со просечна цена од 27,21 долари, а следуваат Црна Гора на 47. место со 27,85 долари, Северна Македонија на 54. место со 29,79 долари и Словенија на 70. место со 36,41 долари.
Пет од десет најевтини земји во светот се наоѓаат на просторот на бившата СССР, вклучувајќи ги и Руската Федерација со просечна цена од 7,50 долари месечно, Казахстан, Молдавија и Белорусија.
На другиот крај на ранг листата е Туркменистан, уште една бивша советска република, со просечна цена на широкопојасниот интернет од 164,48 долари. Само девет земји и територии во светот имаат повисока просечна цена од Туркменистан. Еритреја е земјата со најскап фиксен широкопојасен интернет во светот со цена од 2.666,24 долари месечно.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)