Јапонските власти одлучија да го зголемат наталитетот така што ќе кофинансираат проекти кои со помош на вештачка интелигенција на луѓето ќе им помогнат да си најдат партнери и да засноваат семејство. Имено, од идната година локалните самоуправи ќе субвенционираат проекти во кои вештачката интелигенција ќе се користи и за спојување на потенцијални партнери, пишува BBC.
Минатата годиан во Јапонија се родиле помалку од 865.000 деца, што е најмалку досега. Долговечните Јапонци генерално се стара нација и долго се бара начин кој ќе овозможи да се стoпира тој тренд на најниска стапка на прираст во светот. Поради тоа властите се одлучија да се свртат кон вештачката интелигенција и напредната технологија.
Тие сакаат да кофинансираат проекти во склоп на кои ќе развиваат апликации и сервиси за барање партнери со помош на вештачка интелигенција. Од идната година јапонската влада на локалните самоуправи ќе им додели 19 милиони долари со надеж дека на тој начин ќе успеат да ја поправат демографската слика за нацијата.
Од претходно постојат платформи и сервиси за пронаоѓање партнери. Некои меѓу нив користат и системи за вештачка интелигенција за што поуспешно да ги обработат податоците заспојување на идеалните парови врз база на информации кои корисниците ги внесуваат при отворањето на профилите.
Ако продолжи актуелниот тренд, до крајот на овој век популацијата на Јапонија, каде што според податоците од 2017 година имало 128 милиони жители, ќе се намали на 53 милиони.
„Ако веќе сакаме да користиме напредна технологија, подобро да развиваме роботи кои ќе преземат дел од домашните обврски и грижата за децата. Мислам дека такво нешто повеќе ќе ги поттикне луѓето да се одлучат за потомство“, велат јапонските експерти.
Аналитичарите веќе долго време укажуваат на изостанок на поддршка на вработените мајки во Јапонија, каде што од жените се очекува паралелно со обврските на работното место да ги вршат и сите домашни обврски и да ги одгледуваат децата. Јапонската влада последните години работи на тоа што повеќе жени да ги поттикне на полно работно време, но истовремено и да го намали јазот меѓу половите.
Според извештајот на Светскиот економски форум, Јапонија во извештајот за родова рамноправност од 2019 година се наоѓа на 121 место од вкупно 153 земји, што е пад од 11 места во однос на претходната година.
(N1)
(фото: Pixabay)