Ако планиравте кратко патување за Нова година преку Airbnb, заборавете на тоа

- Advertisement -

Airbnb усвои нови правила за изнајмување сместување за време ан новогодиѓните и божиќните празници со цел да спречат забави и големи собири кои може да го прошират уште повеќе корона вирусот.

Компанијата со седиште во Сан Франциско објави план со кој се ограничува изнајмувањето во САД, Велика Британија, Канада, Мексико, Австралија, Франција и во Шпанија. Според новите услови, гостите кои немаат претходни позитивни оценки на својот профил на Airbnb ќе мора да резервираат најмалку две ноќевања за кои било денови, а сите гости со резервации на 31 декември мора да се ветат дека нема да прават забави затоа што за тоа следуваат законски казни.

- Advertisement -

Покрај тоа, од Airbnb соопштија дека работат на намалување на ризикот кој го носат собирите и забавите користејќи технологија која ги ограничува локалните и резервациите во последен момент без историја на позитивни оценки на Airbnb. Тоа значи дека ако сте почетник на Airbnb и ако спонтано одлучите да изнајмите некоја куќа за новогодишната ноќ, најверојатно нема да успеете во тоа.

Меѓутоа, од Airbnb истакнаа дека нема да поништат никакви резервации направени пред денот на носењето на одлуката. Компанијата презеде слични мерки во текот на викендот за Ноќта на вештерките во САД и во Канада, кои поминале одлично, велат од Airbnb. Во август годинава, пак, компанијата воведе глобална забрана за забави во недвижности од која било големина.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -