Кина донесе 2 кг примероци од Месечината и сака да ги сподели со сите

- Advertisement -

Кина успешно ја реализираше последната фаза од мисијата Chang’e-5, откако капсулата со примероци од Месечевата површина сигурно беше приземјена во регионот на кинеската покраина Монголија. Капсулата со себе донесе околу 2 кг примероци од повшрината и камења од Месечината кои ги собра кинескиот лендер.

Како што пренесе кинеската новинска агенција Xinhua, капсулата во орбитата на Земјата влегла со планираната брзина, а откако поминала низ атмосферата се отвориле падобраните, кои ја спуштиле на местото за лестување. Набрзо потоа околу капсулата се собрале бројни кинески научници и претставници на медиумите, како што можете да видите и од видеото во прилог.

- Advertisement -

За Кина ова ќе биде поттик да продолжи со плановите за испраќање на првите кинески астронаути на Месечината на крајот на оваа или на почетокот на идната деценија и изградба на сопствена база, која ќе биде конкуренција за американската и руската база на Месечината.

Материјалот треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото на Месечината, нејзиното настанување и вулканските активности на површината.

- Advertisement -

„Во согласност со меѓународната конвенција за соработка и договорите за мултилатерална и билатерална соработка, ќе донесеме прописи за управување со податоците и примероците од Месечината. Ќе ги споделиме со релевантни држави и научници, а некои од нив може да бидат и подарени во согласност со меѓународната пракса“ велат од кинеската вселенска агенција.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -