Што прават овие шест метрополи за да ја зголемат безбедноста во оваа доба на пандемија?

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот го поремети фунцкионирањето на целиот свет. Додека некои се трудат да најдат лек и вакцина против корона вирусот, други наоѓаат поинакви начини за зголемување на безбедноста за луѓето.

1.Париз гради нови 650 км велосипедски патеки. Се укинуваат 72% од паркинг местата по улиците со цел да се отвори простор за поинакво функционира во време на пандемија. Градонаќалникот на Париз вети дека до 2024 година по сите улици во градот ќе може да се возат велосипеди.

- Advertisement -

2.Целиот град Амстердам ќе биде зона на нула емисија до 2030 година. На тој начин ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за 95, а ќе се подобри и квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето. Зоните со нула емисија сега се поголема прилика од кога било да се реструктурираат и да се пренаменат градските простори.

3.Богота затвори 120 км улици за време на викендите и на државни празници. Секоја недела 1,7 милиони луѓе уживаат во бенефитите од новата мерка наречена „Open streets“. 496 градови во светот ја ископираа идејата на Богота од 1974 година досега.

- Advertisement -

4.Лос Анџелес ги забрзува плановите за електрификација на транспортот. До 2028 година 100% од автобускиот превоз во градот ќе биде електричен. Планирано е и да се постават нови 20.000 станици за полнење на електрични возила. Во зиромашните соседства, пак, на сила е посебна шема за споделување електрични возила.

5.Торонто ги реновира тротоарите за пешаците и за бизнисите. Тротоарите се прошируваат со цел да се овозможи социјално дистанцирање на минувачите и за да има простор каде луѓето ќе ги подигнуваат своите нарачки од маркетите и продавниците.

- Advertisement -

6.Бремен има 25 центри за мобилност кои овозможуваат поодржливо патување. Во тие центри луѓето имаат на располагање различни превозни средства – од автобуси и автомобили до тротинети и велосипеди. На тој начин луѓето можат да патуваат „позелено“ и полесно.

(World Economic Forum)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -