Ова се најскапите градови за живот во светот

- Advertisement -

Корона вирусот го смени нашиот начин на трошење на парите. Тоа е заклучокот на годишниот индекс на најскапите градови во светот, каде што Цирих и Париз ги заменија Сингапур и Осака и заедно со Хонгконг станаа трите најспаки градови за живот во светот.

На четврто место се најде Сингапиур, а на петто е Тел Авив. Втората петорка ја сочинуваат: Осака, Женева, Њујорк, Копенхаген и Лос Анџелес.

- Advertisement -

Градовите во Америка, Африка и во Источна Европа станаа поевтини во текот на годината, додека градовите во Западна Европа станаа релативно поскапи, делумно како резултат на зајакнувањето на европските валути во споредба со доларот. Меѓу десетте категории кои најмногу поскапеле се тутунот и рекреацијата, каде што спаѓа и потрошувачката електроника, додека цената на облеката паднала.

„КОВИД-19 влијаеше на начинот на кој се користат стоките и услугите. Потрошувачката електроника забележа најголем скок на цената изминатата година“ се вели во заклучокот.

- Advertisement -

Меѓу ефектите на пандемијата во 2020 година во истражувањето се вклучени: проблеми со снабдувањето со стока, владините мерки од типот на контроли на цените или даночни сголемувања, недостиг на одредени стоки и поскапување на истите, намалување на буџетите на луѓето и промени во животниот стил. Тие промени укажуваат на тоа колку далекусежни се последиците од пандемијата.

Закрепнувањето од кризата бара соработка меѓу јавните и приватните сектори, вели Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка.

- Advertisement -

Од градовите на листата Техеран и Иран забележале најголем скок на цените, но сепак се далеку поевтини од трите најскапи градови во светот. Рејкјавик во Исланд падна подолу на листата затоа што се забави инфлацијата и ослабе туризмот, кој е најголем двигател на економијата таму. Некои од најголемите падови на цените се случија во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, каде што за акутната состоба придонесе и високиот степен на сиромашни луѓе.

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -