Јапонци успешно ги демонстрираа можностите на 6G технологијата

- Advertisement -

Во еден свет каде што мобилната технологија се развива со брзина на светлината, 5G дури пред пет години стана нов стандард, но програмерите и иноваторите веќе се фокусираат на иднината – стандардот 6G.

Неодамна револуционерна демонстрација во Јапонија ги покажа можностите на безжичните 6G уреди, постигнувајќи невидена брзина на пренос на податоци од 100 Gbps. Таа неверојатна брзина ги надминува најдобрите перформанси на просечниот 5G паметен телефон за дури 500 пати.

- Advertisement -

Заедничките напори на јапонскиот телекомуникациски гигант NTT, мобилниот оператор DOCOMO и електронските гиганти NEC и Fujitsu вродија со плод со неверојатна демонстрација на 6G технологијата. Користејќи високофреквентни појаси меѓу 100 GHz и 300 GHz, прототипот успеал да пренесе значително повеќе податоци од своите претходници.

Иако ова достигнување означува битен пресврт, предизвиците како што е ограничениот досег, допрва треба да се решат. И покрај тоа, се очекува дека тие препреки ќе бидат надминати за да напредува новата технологија.

- Advertisement -

Иако ќе поминат повеќе години до комерцијалната достапност на 6G мрежата, успехот на овие рани демонстрации дава поглед во иднината на поврзаноста и иновациите.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -