Франција е првата европска земја која сака да воведе „корона пасош“

- Advertisement -

Во француската влада се дискутираше за т.н. зелен пасош за жителите на Франција кои ја примиле вакцината против корона вирусот во рамките на француската стратегија за вакцинација. Предложениот пасош ќе им овозможи на тие што го поседуваат да продолжат со нормален живот, односно слободно да посетуваат ресторани, културни настани и слично откако ќе се вакцинираат.

Како што велат француските пратеници, таквиот пасош ќе значи дека го следат примерот на Израел и дека на секој што се вакцинирал му следува зелен пасош со кој се дава дозвола за нормален живот. Според законот, премиерот има право да одобри движење на луѓето, нивен пристап до јавниот превоз или до некои други места врз основа на негативен резултат на тест или после примањето вакцина.

- Advertisement -

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека вакцинацијата против корона вирусот ќе почне во Франција за неколку дена. Дозволата за првата вакцина, која треба да ја издаде Европската агенција за лекови, се очекува наредната недела, што значи дека вакцинацијата може да започне последната недела од декември.

Последните анкети покажуваат дека луѓето во Франција не се многу расположени за вакцинација. Анкетата од декември покажа дека 61% од населението веројатно или дефинитивно нема да се вакцинира против КОВИД-19. Октомвриска студија, пак, покажа дека кај француското население има најмалку расположение за вакцинирање од сите 15 земји вклучени во истражувањето. Во рамките на студијата 54% од луѓето во Франција изјавиле дека ќе се вакцинираат, за споредба со Индија и 87%, Кина и 75% и Јужна Кореја и 83%.

- Advertisement -

Токму затоа и следува предлог законот за воведување на „корона пасош“, кој ќе ги охрабри луѓето во Франција да се вакцинираат и да разберат дека со тоа се заштитуваат себеси, но и другите околу нив.

(ConnexionFrance.com)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -