Што можат, а што не смеат да прават Италијанците за божиќните и новогодишните празници?

- Advertisement -

Во Италија почна карантинот за време на празниците, а со тоа се ограничени многу активности на Италијанците. После долги дискосии со научници и експерти, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави пред неколку дена дека Италија ќе се врати во карантин за време на Божиќ и Нова Година. Новите мерки се најстрогите воведени во земјата од март наваму.

Правилата за патувања надвор од земјата се непроменети: жителите на повеќето земји од ЕУ и од Шенген зоната можат да одат во Италија за итни потреби, но мора да бидат во карантин 14 дена после пристигнувањето таму. Од 24 декември до 6 јануари Италијанците нема да смеат да ги напуштат градовите, освен за основни потреби. Жителите на гратчињата со помалку од 5.000 жители можат да одат во соседните градови во радиус од 30 км, но не и во главните градови на проовинциите.

- Advertisement -

Во Италија е на сила полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, кој ќе се продолжи до 7 часот наутро од 1 јануари. Во текот на десетте дена карантин во Италија може да излезат надвор само за основни потреби како одење до спермаркет или на доктор.

Италијанската влада им дозволи на луѓето да посетат по еден пријател дневно, но да не излегуваат од својот регион и да не посетуваат по повеќе од двајца возрасни луѓе одеднаш. Децата помали од 14 години и помалите кои не смеат да останат сами дома исто така може да одат на гости.

- Advertisement -

Продавниците кои продаваат продукти кои не се од основна потреба за луѓето нема да останат отворени во текот на карантинот. Професорот Карло Сињорели од болницата Сан Рафаеле од Милано сподели неколку совети со Италијанците за време на празниците.

Професорот од болницата Сан Рафаеле во Милано, Карло Сињорели, за медиумите вели дека доколку луѓето сакаат да имаат помал ризик од зараза, треба да држат дистанца и да седат на масата на метар и половина подалеку од другата личност.

- Advertisement -

Тој им препорача на луѓето да не се прегнруваат, да не користат исти салфетки, чаши или прибор за јадење. Храната што ќе остане пред да се користи пак да се загрее на температура на 60 степени за да биде безбедна. Сињорели вели дека треба да се воздржат од пеење, за да не испуштаат капки при пеењето. Сите да се бришат со посебна крпа и да проветруваат многу често.

(Theb Local)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -