Европол предупредува на лажни вакцини против КОВИД-19 кои се нудат на социјалните мрежи

- Advertisement -

Шефицата на Европол, Кетрин Де Бол, предупредува на опасноста од потенцијални лажни вакцини против корона вирусот. Де Бол предупреди дека криминалците може да се обидат да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот. Таа додаде дека надлжените веќе забележале конкретни знаци на валкани игри како нудење лани вакцини на социјалните мрежи.

Шефицата на европската полиција ги повика потрошувачите да бидат внимателни и дека со лажните вакцини може да се предизвикаат сериозни здравствени последици. Исто така, наведе дека државите мора да бидат спремни дека криминални групи ќе се обидат да им украдат дози од вакцините, а Европол веќе ги идентификувал потенцијалните жаришта.

- Advertisement -

Бившата шефица на белгиската полиција напомена и дека полициските оддели ширум Европската унија заеднички работат на заштита на превозот на вакцините. Интерпол на почетокот на декември исто така предупреди на заканата од организираните криминални групи во пресрет на кампањите за вакцинирање против КОВИД-19.

Криминалните мрежи врбуваат и луѓе преку лажни интернет страници, а лажните лекови би можеле значително да го загрозат здравјето на некои луѓе, дури и нивниот живот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -