Макпрогрес лансираше нови вина на пазарот – „Бел камен“ и “Црн камен“ под брендот „Krsla Vineyards“

- Advertisement -

Kон самиот крај на годината, „Макпрогрес“ Виница успешно заврши уште еден проект на кој компанијата работеше изминатиов период.

Макпрогрес Виница, долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и дел од највисоките управувачки тела на истата, иако веќе е интернационална компанија, својата инспирација ја црпи во регионот во кој е основана и е своевиден промотор на домашната економија во светот.

- Advertisement -

На 25.12.2020 година во Хотел Ресторан Александар Парк Виница компанијата ги претстави двете нови вина на пазарот, БЕЛ КАМЕН и ЦРН КАМЕН под брендот KRŠLA Vinyards.

Со соработката која по новогодишните празниците раководството на компанијата има намера да ја поттикне со локалните лозари, винските стручњаци, писателите, поетите и уметниците од Виница и регионот, верува дека ќе успее во крајната цел, а тоа е да го направи овој регион светски познат вински регион со признат квалитет и препознатливост.

Сподели!
- Advertisement -