Skopje goes Zero Waste и Football Frame, победници на натпревар на Арно

- Advertisement -

Skopje goes Zero Waste- социјален бизнис за продажба на продукти без или со реупотребливо пакување и Football Frame -платформа за промоција на здрави животни стилови се македонските победнички идеи од првата генерација на програмата RISE

На 04-ти март во организација на здружението за социјални иновации „АРНО“ се одржа прогласувањето на победничките идеи од првата генерација на програмата RISE за социјални претприемачи. Експертската жири комисијата ги избра идеите: „Skopje goes Zero Waste” социјален бизнис за продажба на продукти од мали домашни производители, без или со реупотребливо пакување, во рамки на која ќе бидат ангажирани пензионери или лица кои се технолошки вишок и идејата „Football Frame“ – дигитална платформа чија цел е промоција на убавините на фудбалската игра, позитивните општествени вредности и борба против недостигот на физичка активност во секојдневието.

- Advertisement -

За победничките идеи програмата RISE обезбедува финансиска поддршка во износ од 2500 евра и дополнителна менторска и експертска поддршка во рамки на инкубациската фаза.   Благодарение на вербата во социјалните бизниси и силните соработки и партнерства, за двата македонски победнички тима АРНО обезбеди и дополнителни награди: медиумска промоција од порталот фактор.мк, менторска поддршка од ИТ компанијата акринум.ком, еко-брендирање на продавницата доделено од Пакомак, и поддршка на дигиталната платформа преку рекламен банер, исто така доделен од Пакомак.

Изборот на најдобри идеи го правеше експертското жири составено од: Барбара Садовска – проект Ептиса „Поддршка на социјалните претпријатија“,Маринела Шумањски- SEEYN (Конзорциум RISE), Христијан Станоевиќ- фактор.mk, Илина Велјановска- акринум.com, Едвард Софески – Комора за мали бизниси, Бранислав Марковски – Фонд за иновации и технолошки развој,  Филип Ивановски-Пакомак, Александар Богоевски- Град Скопје, Алберт Хани – Канцеларија за регионална младинска соработка (РИКО).

- Advertisement -

Во првата генерација на млади социјални претприемачи во нашата земја вкупно 8 тимови учествува во програма за развој на нивните вештини, знаења и мотивација. Тимовите ги развија своите идеи за социјални бизниси кои имаат позитивно влијание врз природата и заедницата, промовираат соработка и имаат потенцијал за регионален развој. Сите македонски тимови учествува на 5 обуки, 3 настани со мотивациски говорници, одржаа 24 средби со тимот на АРНО, имаа помош од експерти кои во рамки на 72 експертски сесии им помагаа да ги развијат идеите, и имаа несебично и целосно водство од своите ментори: Андријана Папиќ Манчева, Михаил Стевчев, Олга Рајчиќ, Антонио Јовановски, Јошко Ивановски, Елена Хаџи Пецова, Стефан Чичевалиев, Весна Соколовска.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). АРНО е гордо што е избрано за локален инкубатор и национална структура која го спроведува 3 годишниот проект заедно со кредибилните партнери од регионот.

- Advertisement -

„Преблагодарни сме на АРНО за учеството во програмата која ни понуди целосна поддршка за осмислување на нешто што беше само идеја, а стануваше се пореално и пореално со секоја помината обука.  Освен продавничката и градењето свест за продуктите без или со реупотелбива амбалажа, сакаме да организираме и работилници за шиење, плетење, поправање на работи. Имаме многу планови и идеи кои ги изградивме и благодарение на нашата совршена менторка Андријана Папиќ Манчева и експерти од области кои ни помогнаа“ -изјави  Марија Арсовска од тимот на Skopje Goes Zero Waste.

„Ние сме Јане, Марко и Александар. Јане- доктор и фудбалер, Марко-професор по спорт и физичка активност во средно училиште во Скопје, фудбалерски тренер и фудбалер, и Александар  исто така фудбалерски тренер и фудбалер. Ние сме страстни љубители на фудбалот, и сакаме да го искористиме фудбалот како алатка за промена во општеството и за зборување за теми што се поважни од фудбалот: здравје, едукација, родова рамноправност и слично“- изјави Јане од Football Frame

Сподели!
- Advertisement -