Комбинацијата од руската вакцина Sputnik V и вакцината на AstraZenecа ќе штити две години

- Advertisement -


Во случај на сериозни мутации на новиот тип на корона вирус ќе биде неопходно ново истражување на ефикасноста на вакцините Sputnjik V и вакцината на AstraZeneca. Токму затоа Институтот Гамалеј и AstraZeneca потпишаа меморандум за соработка на развојот на вакцина против новиот корона вирус.

Директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, Александар Гинтсбург, тврди дека комбинацијата од вакцините Sputnjik V и таа на AstraZenecа ќе обезбеди заштита од најмалку две години.

- Advertisement -

Тој во интервју за Rusija 24 TV изјави дека комбинацијата на тие два препарати ќе му овозможи на организмот да даде многу подобар имунолошки одговор и наместо 3-4 месеци, тој ќе биде заштитен барем две години.

Инаку, Институтот Гамалеј и AstraZeneca претходно потпишаа меморандум за соработка на развојот на новата вакцина против новиот корона вирус. Гинтсбург, исто така, истакна дека во случај на сериозни мутации на новиот тип на корона вирус ќе биде неопходно ново истражување на ефикасноста на вакцината Sputnjik V. Според него, моменталната мутација на вирусот не влијае значително на ефикасноста на вакцината.

- Advertisement -

„Доколку мутациите продолжат, ова може да биде причината да се размислува за дополнителни експерименти. Би морале да извлечеме серум од луѓето кои веќе се вакцинирале и така да се неутрализираат промените во високозаразниот сој на КОВИД-19 од Велика Британија, за да не дојде до ширење на новиот тип на вирус во нашата земја“ изјави Гинтсбург за Rusija-24 TV.

(Al Jazeera Balkans)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -