Велоика Британија е првата држава во светот која ја одобри употребата на вакцината против КОВИД-19 која ја направија Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија AstraZeneca.
Британското регулаторно тело даде итно одобрение за употреба на оваа вакцина која лесно се користи и за која производителите се надеваат дека ќе стане вакцина за целиот свет.
Британија нарача 100 милиони дози од вакцината. Претходно оваа држава ја одобри вакцината на Pfizer – BioNtech. Генералниот директор на AstraZeneса, Паскал Сорио, изјави дека денес е биден ден за милиони луѓе во Велика Британија кои ќе добијат пристап до новата вакцина.
„Се покажа дека е ефикасна, дека добро се поднесува, дека е едноставна за употреба и AstraZeneца ја продава без профит“ додаде тој.
Исто така, предност на Оксфордската вакцина е тоа што е евтина, масовното производство е лесно и може да се складира во обичен фирижидер, за разлика од вакцината на Pfizer, која мора да се чува на температура од -70 степени Целзиусови.
(Bizlife)
(фото: Pixnio)