САД го потврди првиот случај на новата варијанта на КОВИД-19

- Advertisement -

Првиот случај на новиот и потенцијално позаразен сој на КОВИД-19 беше потврден во САД, изјавија властите на Колорадо. Здравствените власти потврдија дека има заразен од новиот сој на корона вирусот и ги известија центрите за контрола и превенција на болести. Инфицираниот човек, млад маж во своите 20-ти години, нема патувано и е во изолација во округот Елберт, на час и половина јужно од Денвер.

„Има многу што не знаеме за оваа нова варијанта на КОВИД-19, но научници во Обединетото Кралство го предупредуваат светот дека е значително позаразен. Здравјето и безбедноста на жителите на Колорадо е наш приоритет и одблиску ќе го следиме овој случај, како и сите индикатори на КОВИД-19“ изјави гувернерот на Колорадо, Џаред Полис.

- Advertisement -

Прелиминарните анализи на мутираниот вирус, кој првично беше идентификуван во Велика Британија, покажуваат дека веројатно тој е виновникот за зголемениот број случаи на заразени во Велика Британија. Новата варијанта, анречена SARS-CoV-2 VUI 202012/01, може да е до 70% полесно пренослива, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Здравствените власти велат дека новата варијанта можеби веќе циркулира во САД, a причината ја лоцираат во непрекинатиот сообраќај меѓу САД и Велика Британија.

- Advertisement -

После откривањето на новата варијанта на вирусот во Велика Британија некои европски земји како Ирска, Франција, Белгија и Германија ги затворија границите, исто како и некои други земји надвор од континентот.

Британската влада потврди дека таму циркулира и друга позаразна варијанта на корона вирусот која е за прв пат индетификувана во Јужна Африка, но таа варијанта од Јужна Африка уште не е потврдена во САД.

- Advertisement -

(CNBC)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -