Граѓаните со донации и позитивна енергија го прославија крајот на 2020 година

- Advertisement -

Под мотото „Да донираш е љубов“ во вторникот,на 29 декември 2020 здружението Конект онлајн го организираше донаторскиот кружок на којшто над 150 граѓани онлајн се здружија паметно да донираат за три организации. Испраќајќи порака на солидарност, тие го прославија крајот на 2020 година со надеж и позитивна енергија за подобра следна година. Преку 60 граѓани донираа веќе 445.000 денари за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат благосостојбата на граѓаните и заедниците, а поддршката секојдневно расте . На настанот се вклучија и компаниите Пивара Скопје, Тинекс и ЕВН коишто великодушно ги здружија своите донации со донациите на граѓаните.   

Донаторскиот кружок е ззаедница на граѓани што донираат не само хуманитарно, туку и за постигнување на долгорочна промена во нашите заедници. Пандемијата не натера да размислиме за вредностите и приоритетите што ги имаме како граѓани и како општество. Ни укажа на неопходноста од солидарност и дека само заеднички  може да изградиме подобро утре. А, токму тоа се вредностите што ги негуваме во донаторскиот кружок“ – Никица Кусиникова, Здружение Конект.

- Advertisement -

На настанот присутните донираа за три доверливи организации коишто ја заслужија поддршката од членовите на донаторскиот кружок: Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје за воведување на „Невро-баланс“ програмата за деца којашто на децата со дислексија ќе им овозможи да читаат без мака; Здружението Рурална коалиција од Куманово за отворање на првиот онлајн пазар на земјоделски производи што ќе им овозможи на 200-300 жени-земјоделки и нивните семејства да заработат приход, а на граѓаните здрава храна достапна за сите; Здружението Доброволното пожарникарско друштво од Свети Николе коишто во последните години изгаснале над 300 пожари, за да изградат гаража за противпожарните возила и да продолжат да ги спасуваат нашите животи и домови.

Настанот покажа дека средствата коишто секој поединец може да ги издвои како донацијата претставуваат моќна алатка кога заеднички се насочуваат. Здружените донации помагаат во вистинско решавање на проблемите, а не само во санација на горливите прашања во општеството. Конект им благодари на сите граѓани и компании коишто донираа и го поддржаа донаторскиот кружок.

- Advertisement -

Конект во следниов период ќе потпише договор за донација со организациите и ќе го следи нивното работење, а со донаторите ќе одржува редовна комуникација и ќе ги информира за реализацијата на нивната донација.

До одржувањето на следниот настан сите заинтересирани донатори граѓани се повикуваат да пристапатна донаторскиот кружок, да побараат совет директно во Конект или на konekt@konekt.org.mk за тоа каде паметно да ја вложат својата донација.

- Advertisement -

Донаторскиот кружок е поддржан од програмата Цивика Мобилитас која го поддржува годишниот план за работа на Конект. 

Сподели!
- Advertisement -