Huawei ќе претстави унапредена верзија од смартфонот на преклоп Mate X

- Advertisement -

Huawei навести дека идната година ќе претстави унапредена верзија на смартфонот на преклоп Mate X со поцврст екран и побрз процесор. Деталите за новиот уред од кинескиот технолошки гигант ги објави Ричард Ју, лидер на одделот на Huawei за потрошувачи.

Покрај претставувањето на новиот уред, Huawei исто така сака да го донесе Mate X во Европа, најверојатно во првиот квартал од 2020 година. Mate X iизлезе минатиот месец, а во Кина се продава за 2.400 долари. Половина од неговиот екран може да се преврти назад, така што добивате екран од двете страни на теелефонот кога е преклопен.

- Advertisement -

Поради ваквиот дизајн Mate е еден од најдобрите телефони на преклоп во светот, затоа што другите слични модели како Samsung Galaxy Fold имаат многу поизразени делови каде што се спојуваат екраноте и создаваат набори во дизајнот.

Според најавите, унапредениот Mate X ќе има уште подобар квалитет на сликата, иако и сега може да се пофали со одлична слика, како и подобри перформанси.

Сподели!
- Advertisement -