Bradley Cactus се чевли направени од кактус

- Advertisement -

Американскиот производител на обувки CLAE идната година ќе ја продслави 20-годишнината од постоењето. Компанијата по повод годишнината ќе ги претстави своите најнови модели на чевли направени од кактус. CLAE има седиште во Лос Анѓелес и е посветена на одржлива мода. Некои од претходните производи на компанијата се еколошки патики направени од марихуана и рециклирани рибарски мрежи.

Чевлите направени од кактус се соработка со DESSERTO, производители на веганска кожа кои ја добија наградата Green Product Award за годинава. Според производителот на патики, ова ќе бидат првите обувки во светот направени од кактус.

- Advertisement -

Кожата за чевлите се прави во Закатекас, Мексико, од зрели листови на кактусот нопал познат и како боцкава круша. Се собираат листови од кактусот без да се оштетува растението. Нопал се одгледува само со природни минерали и дождовнa вода на бадморска висина од околу 2.500 метри. Листовите се собираат секои 6-8 недели. Потоа неколку дена се сушат на сонце, пред да поминат низ патентираниот процес на DESSERTO за трансфомирање на растението во мека кожа.

Патиките наречени Bradley Cactus исто така имаат и врвци направени од 100% природна гума. Ги има во бела, црна и зелена боја.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Clae screenshot)

Сподели!
- Advertisement -