Научниците предупредуваат: поради климатските промени ќе ги снема амазонските прашуми до 2064 година

- Advertisement -

Поради човечките активности и климатските промени од година во година се намалуваат прашумите во Амазон. Затоа научниците одлучија да го вклучат алармот и да покажат во колку сериозни проблеми е Амазон.

Според пресметките на научниците од Универзитетот Флорида, поради обесшумувањето и се почестите суши амазонските прашуми веројатно ќе ги снема до 2064 година. Не само што со тоа ќе исчезнат бројни растителни и животински видови, туку ќе исчезнат и белите дробови на светот, кои го впиваат јаглерод диоксидот и го намалуваат загадувањето. Имено, се проценува дека Амазонија впива до 1/10 од светската емисија на CO2 во текот на фотосинтезата.

- Advertisement -

Професорот Роберт Вокер предупредува дека прашумите во текот на наредните неколку децении ќе се претворат од густи и влажни шуми во отворени савани со кои ќе доминира тревата и ниските грмушки. Тој истакнува дека со губењето на прашумите најмногу ќе изгуби локалното население, кое зависи од нив за потребите за вода. Поради тоа размерите на таа катастрофа ви биле многу поголеми отколку што можеме да замислиме.

Професорот Вокер предвидува дека токму 2064 година че биде пресвртна точка кога екстремните суши ќе станат се почеста појава и прашумите нема да може да се опорават затоа што за да заздрават целосно се потребни 4 години. Имено, поради претераното сечење на шумите доаѓа до промена на локалната микроклима. Дождовите се се поретки, а сушните периоди се подолги. Покрај интензивното сечење, има и расчистување на теренот со палење, што честО доведува до шумски пожари.

- Advertisement -

Тоа ќе влијае и на способноста на дождовните шуми да го апсорбираат јаглерод диоксидот затоа што во текот на сушните периоди се намалува нивото на CO2 кое дождовната шума може да обработи. Дури и кога ќе помине сушниот период потребни се неколку години за прашумата да се врати во нормала.

Научниците предупредуваат дека доказите укажуваат на тоа дека климата во Амазонија се менува непорватно. Не сакаат ни да прогнозираат како ќе се одрази тоа на климата на целата планета.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -