Новата варијанта на корона вирусот откриена во најмалку 37 земји

- Advertisement -

Новата варијанта на корона вирусот, која првично брше откриена во Велика Британија и е позната под името B.1.1.7, сега е пристуна во најмалку 37 земји во светот, пишува CNN.

Експертитр велат дека додека оваа варијанта полесно се пренесува од другите видови на корона вирус, нема докази дека е посмртоносна ниту дека предизвикува посериозни симптоми.

- Advertisement -

Резултатите од тестовите неделава се очекуваат од повеќе лаборатории кои истражуваат дали новата варијанта ќе биде предизвик за новите вакцини против корона вирусот, велат од Светската здравствена организација.

Новата варијанта на КОВИД-19 од Велика Британија најпрвин се прошири во Јужна Африка, сега е присутна во овие земји: Велика Британија, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Чиле, Кина, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Индија, Ирска, Италија, Јамајка, Јордан, Малта, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Португалија, ОАЕ, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Турција, САД и Виетнам.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -