Стартува Facebook Dating – еве што треба да знаете

- Advertisement -

Најголемата социјална мрежа во светот почна јавно да го тестира својот сервис за спојување осамени срца наречен Dating. Facebook Dating беше најавен во мај годинава во текот на конференцијата F8. Засега можат да го користат жителите на Колумбија постари од 18 години, и тоа само на мобилни телефони, а со тек на време веројатно ќе стане достапен за други држави.

Не станува збор за апликација која би морале посебно да ја инсталирате, туку креирате посебен кориснички профил во кој од Facebook автоматски се префрлаат само два податоци: името (без презимето) и годините. Останатите податоци како локацијата, полот, висината, верските убедувања, професијата и слично ќе мора да ги додавате сами. Исто така, ќе може да се додадат и максимум девет фотографии.

- Advertisement -

За разлика од Tinder, денес најпознатата апликација во таа категорија, во Dating не листаaт потенцијални партнери. Од Facebook осмислија уникатен алгоритам за да ве поврзат со потенцијалните партнери и партнери избрани врз основа на она што ви е заедничко и заедничките пријатели. Можеби ќе сакате за избирате дали да запознавате луѓе кои, на пример, живеат во близина, имаат деца, имаат одредена висина и се на одредена возраст.

Од Facebook го ограничија радиусот на пребарување на потенцијални партнери на 100 км. Нема да видите луѓе со кои веќе сте поврзани на Facebook, како ни луѓе кои сте ги блокирале, а ќе можете да блокирате и да пријавувате корисници ако има потреба.

- Advertisement -

Тие што не ви се интересни ќе ги отстраните така што ќе кликнете на „Не сум заинтересиран/а“ (Not Interested), додека разговорите ќе ги почнувате со одговор на некое од однапред подготвените прашања. Пораките ќе ви стигнуваат во посебно сандаче, издвоено од Messenger. Нема да можете да го користите за испраќање фотографии или пари. Но, затоа ќе можете да се поврзете со луѓе кои ги интересираат истите настани како вас или се членови на истите групи на Facebook.

Сподели!
- Advertisement -