Потрошени повеќе од 40 милиони дози од вакцините против корона вирусот

- Advertisement -

Повеќе од 40 милиони дози од вакцините против КОВИД-19 се искористени во целиот свет.Досега најмалку 60 земји или територии, кои сочинуваат 62% од вкупната популација во светот имаат лансирано сопствени кампањи за вакцинација. Но, во само 11 од тие земји се потрошени 90% од тие 40 милиони дози вакцини.

До 10:30 часот утрово биле искористени најмалку 40.062.825 дози од вакцините, покажуваат податоците на француски France Presse. Оваа бројка без сомнение е поголема затоа што големите земји како Кина, САД и Русија немаат соопштено најнови официјални информации за вакцинацијата.

- Advertisement -

Израел е земјата каде што се примени најголем процент дози вакцини во споредба со популацијата – 2,43 милиони дози на 2,12 милиони луѓе (односно 24,5% од популацијата). Речиси 3,6% од Израелците ги имаат примено сите потребни дози за заштита од вирусот.

Ако гледам според вкупниот број примени вакцини, тука предводат САД со 12,28 милиони дози на 10,60 милиони луѓе или 3,2% од вкупната популација, а веднаш потоа следува Кина со над 10 милиони дози. Во Европа, пак, Обединетото Кралство прво почнља со вакцинација на населението на почетокот на декември минатата година. Таму веќе се искористени 4,31 милиони дози вакцини на 3,86 милиони луѓе или 5,7% од вкупната популација.

- Advertisement -

На последните места се земјите од ЕУ: Италија со 1,15 милиони дози и Германија со 1,05 милиони дози. Во земјите од ЕУ се примени повеќе од 5 милиони дози вакцини на околу 1,2% од популацијатѕа.

Во моментот во светот циркулираат вкупно седум вакцини против корона вирусот и од сите нив се потребни две дози за целосна заштита. Вакцините на американско-германските Pfizer-BioNTech и на американската компанија Moderna се доминантни во Северна Америка, Европа, Израел и во земјите од заливот. Вакцината на британските AstraZeneca-Oxford најмногу се застапени во Обединетото Кралство и во Индија.

- Advertisement -

Вакцината Sputnik V на рускиот институт Гамалеј се применува во Русија, но и во Аргентина, Белорусија и во Србија.Што се однесува на кинеските вакцини, освен во Кина, вакцината на Sinopharm се применува во ОАЕ, Бахреин, Сејшелите и во Јордан, додека вакцината на Sinovac во Индонезија, Бразил и во Турција.

(France 24)

(фото: Pixy.rg)

Сподели!
- Advertisement -