Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право

- Advertisement -

Над 70% од економистите и над 50% од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на Brainster

На крајот на минатата година Brainster лансираше алатка за кариерно советување, која е бесплатна за користење за сите. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја започнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување.

- Advertisement -

Оваа алатка на Brainster во изминатите месец дена ја искористија над 7000 лица.  Во склоп на прашањата на кои корисниците одговараат при користењето на алатката има и прашања поврзани со нивните тековни и посакувани кариери.

Според резултатите од одговорите на овие прашања, областа ИТ, програмирање и технологија е најпосакувана професија за најголем дел од учесниците – дури 17,3% од учесниците ја издвоиле оваа професија како најпосакувана. Втора најпосакувана област е Дизајн и графички дизајн со 13,9%. Понатаму следуваат бизнис (9,7%), здравство и фармација (7%), социологија и психологија (6,2%), ликовна уметност (5,7%) и менаџмент (5,3%) како посакувани професии од страна на учесниците во квизот.

- Advertisement -

Овие податоци потврдуваат дека дигиталните вештини нудат одлични услови за работа на пазарот, но и интересот за нив е голем особено кај младите. Имено, ИТ, програмирање и технологија, иако доминира во сите категории под 40 години, е најпосакувана професија за најмладата возрасна група до 17 години до 20 години со над 20%. Графички дизајн/дизајн е исто така преферирана професија кај сите возрасни групи, иако најмногу се истакнува кај возрасната група од 21 до 29 години.

По однос на распределбата на интересите за одредена професија според полот на учесниците, забележително е дека се уште постои таканречениот „родов јаз“ кај областите како ИТ, технологија и програмирање, како и областа Бизнис, бидејќи процентот на машки испитаници кои ги избрале овие професии како посакувани е многу поголем од процентот на женски испитаници (28% наспроти 12% во првиот случај и 15% наспроти 7% во вториот). Спротивното е случај кај областите Дизајн, Маркетинг и Здравство и фармација каде испитаниците кои ги навеле овие професии како посакувани се во видливо поголем број од женски пол.

- Advertisement -

Мошне интересни се резултатите добиени со вкрстување на моменталната и идната професија на учесниците кои одговориле дека се моментално вработени. Тоа покажува дека најголем процент од учесниците кои работат во Дизајн и графички дизајн (72%) како и ИТ, програмирање и технологија (68%) се изјасниле дека токму тоа е кариерата од нивните соништа и дека не би ја смениле професијата.

Вработените пак кои во најголем процент би ја смениле својата професија и би избрале друга доаѓаат од областите Производство и угостителство (само 14% не би ја смениле професијата), Економија (22%), Образование (36%), Право (44%).

Интересно е исто дека високи 22% од учесниците архитекти би сакале да работат како графички дизајнери, а дури 16% од учесниците инженери би сакале да работат во областа  ИТ, програмирање или технологија.

Податоците од оваа анализа укажуваат дека расте интересот меѓу младите за дигиталните вештини. Oние кои работат во некојa од овие области сметаат дека тоа е нивната посакаувана кариера и не би ја промениле. За разлика од нив голем процент на учесниците во квизот кои работат во други области се изјасниле дека имаат друга преферирана кариера. Може да се заклучи дека пазарот на труд значително е променет и интересот за дигитални и ИТ вештини забрзано расте. Со ова, јасно е дека забрзано расте и интересот за едукација кај младите токму во овие области кои ги сметаат за нивни посакувани идни кариери.

Brainster продолжува да работи на обезбедување алатки и информации со чија помош младите луѓе ќе можат да направат многу подобар кариерен избор. Бесплатната алатка за кариерно насочување останува достапна за сите млади луѓе кои се подготвуваат да започнат нова кариера или да ја променат тековната на следниов линк – https://careers.brainster.co/. Мошне скоро, следува уште една алатка која ќе нуди увид во порастот и падот на побарувачката за одредени професии во наредната декада, нешто што на младите луѓе ќе им помогне да проверат дали посакуваната кариера ќе остане перспективна на подолг рок.

Сподели!
- Advertisement -