Бил Гејтс уверува дека богатите земји ќе се вратат во нормала до крајот на годината, а сиромашните во текот на 2022 година

- Advertisement -


Бил Гејтс напиша дека луѓето кои живеат во побогати земји ќе го видат крајот на пандемијата и враќањето на нормалниот живот до крајот на оваа година. Сиромашните земји во најдобар случај ќе заостанат 6-8 месеци со набавката на вакцини против КОВИД-19 во однос на богатите земји, процени Гејтс.

Во интервју за Reuters, Гејтс истакна дека распределбата на вакцините е голем проблем кој врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови. Секој политичар е под притисок да се избори за својата земја да ја доведе во ред, вели Гејтс.

- Advertisement -

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се обврза да издвои 1,75 милијарди долари за борбата против пандемијата на КОВИД-19 во рамките на програмата COVAX за праведна распределба на вакцините, предводена од Светската здравствена организација.

Планот е COVAX да рапсредели до 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, од кои 1,8 милијарди дози бесплатно за сиромашните земји. Се надеваат дека првите дози ќе бидат испорачани во февруари.

- Advertisement -

Гејтс вели дека распределбата на вакцините преку COVAX на почетокот ќе биде скромна. тој во писмото во кое ги објави приоритетите на фондацијата напиша дека верува оти луѓето кои живеат во богатите земји ќе се вратат во нормала до крајот на годината под услов со вакцинацијата да бидат опфатени 70-80% од населението.

Додаде и дека пандемијата придонела за нешто добро – значително забрзување на развојот на вакцините како тие што се базираат на технологија на РНК, кои ги користат компаниите BioNtech/Pfizer и Moderna.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -