Ремче за кучиња ги чита емоциите на кучињата со помош на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Јужнокорејскиот стартaп Petpuls Lab направи ремче за кучиња кое користи вештачка интелигенција со помош на кое сопствениците на кучињата ќе можат да откријат пет нивни емоции и ќе детектираат како лае нивниот љубимец со помош на технологија за препознавање глас.

Со помош на апликација за паметен телефон ремчето на сопствениците ќе им открие дали нивните кучиња се среќни, опуштени, бесни, анксиозни или тажни. Истовремено може да ја следи и телесната активност на кучето и времето за одмор.

- Advertisement -

„Овој уред на кучињата им дава глас за луѓето да можат да ги разберат“ вели Ендрју Гил, директор за маркетинг во компанијата.

Во 2017 година компанијата почна да собира снимки од различни начини на лаење на кучињата, обидувајќи се на тој начин да ги анализира нивните чувства. Три години подоцна развија сопствен алгоритам базиран на база на податоци со повеќе од 10.000 примероци од 50 различни врсти.

- Advertisement -

„Мислев дека моето куче е среќно додека игра и дека е анксиозно и тажно кога не сум дома. Всушност, таа била многу налутена откако ќе изгубела играјќи со мене. Исто како што би се чувствувал и човек“ вели Мун Сае-ми, сопственик на шест години старо куче од сортата граничарски коли.

Стапката на прецизност на препознавање на емоциите просечно изнесува 90%, покажуваат податоците на Националниот универзитет во Сеул кој го тестирал уредот. Petpuls Lab тврди дека станува збор за првиот уред од овој тип во светот кој функционира користејќи вештачка интелигенција и технологија за препознавање глас. Компанијата го пласираше ремчето на пазарот во октомври минатата година по цена од 99 долари.

- Advertisement -

Глобалниот пазар за грижа за домашните миленици во текот на 2020 година вредеше дури 138 милијарди долари, што е пораст од 34% во однос на 2019 година, покажуваат податоците на Евромонитор. Оттаму појаснуваат дека за време на пандемијата на КОВИД-19 луѓето поминувале повеќе време со своите домашни миленици. Од Petpuls Lab објавија податок според кој глобалната популација на кучиња пораснала за 489 милиони или за околу 18%.

„Минатата година повеќе луѓе почнаа да вдомуваат кучиња, но за жал некои во меѓувреме ги напуштија поради лоша комуникација“ вели Гил и додава дека Petpuls може да има битна улога затоа што на новите сопственици може да им помогне да сфатат како се чувствуваат кучињата во одреден момент и така позитивно да влијаат на нивниот однос.

(SEEBiz.eu)

(фото: Petpuls screenshot)

Сподели!
- Advertisement -