Претставен првиот турски автономен автобус

- Advertisement -

Пред претседателската палата во Анкара беше претставен првиот турски автономен автобус, чиј производител е турската компанија Karsan Atak Elektric. На претставувањето присуствуваше и турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, кој се повози со автобусот.

Возилото е долго 8,3 метри, а има капацитет од над 50 патници. Има батерија која му овозможува досег од 300 км.

- Advertisement -

Од компанијата тврдат дека сензорите и другата технологија во автобусот ги идентификуваат подвижните и неподвижните предмети многу попрецизно од човечките сетила. Тоа подразбира контрола на сообраќајници, реагирање на пречки, кога се врти или се престројува во друга лента.

Освен тоа, може однапред да се постави патеката на движење на возилото, чие масовно производство веќе започна. Меѓу другото, Ердоган порача дека станува збор за производ кој добро ќе ја промовира државата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -