Истражувачи направија маска која проверува дали сте биле изложени на корона вирус

- Advertisement -

Истражувачи од Сан Диего развија тест за КОВИД-19 кој може да се стави на надворешната страна на заштитната маска, при што е изложен на капки кои може да содржат корона вирус. Тој тест може да открие одредена компонента на корона вирусот и притоа ќе ја промени бојата за тој што ја носи да знае дали е изложен на КОВИД-19 или не.

Ваквиот тип на маски може на луѓето да им покаже во секој момент дали се изложени на вирусот, по што треба да ги преземат потребните чекори како тестирање со PCR тест и самоизолација.

- Advertisement -

Иако ширум светот почна вакцинацијата против корона вирусот, уште треба да бидеме внимателни, особено после појавата на нови варијанти на корона вирусот кои се покажаа позаразни отколку оригиналниот вирус. Затоа треба да се придржуваме до превентивните мерки за да се заштитиме од заразата со корона вирусот.

Токму тука може да помогне таа маска, која на себе има тест за КОВИД кој во реално време може да предупреди за потенцијална изложеност на вирусот. Тестот не може да покаже дали сте заразени или не, но може да ви кае дали некој кој бил во вашаа близина ви пренел заразни капки или не.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -