Во 2020 година, 87% од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ изјавиле дека користеле интернет во претходните 3 месеци, објави Евростат во своето истражување.
Тој удел се движеше од 70% во Бугарија до 99% во Данска. Користењето интернет нагло растеше со текот на годините – во 2010 година изнесуваше 67%, а во 2015 година -78%.
Во 2020 година, интернетот се користеше главно за испраќање и примање е-пошта (74%), наоѓање информации за производи и услуги (69%), размена на пораки (68%), вести на интернет (65%) и телефонски или видео повици (60%).р е к л а м а
Повеќето луѓе користеле интернет и за банкарство (57%), слушање музика (56%), учество на социјални мрежи (56%) и пребарување на здравствени податоци (55%).
Со цел да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање кои се во сила од март 2020 година во повеќето земји-членки на ЕУ, една од можностите за одржување контакти беше преку телефонски или видео повици преку интернет.
Во ЕУ, 60% од луѓето на возраст од 16 до 74 години оствариле телефонски повици или видео разговори преку интернет во 2020 година во последните 3 месеци пред истражувањето. Во сите интернет активности, телефонските или видео повиците забележаа најголем пораст во споредба со 2019 година (52%), како и од почетокот на нивното собирање податоци (17% во 2008 година).
Меѓу земјите-членки на ЕУ со достапни податоци, телефонските или видео повици преку интернет биле најпопуларни во Кипар (85%) и Холандија (83%). Спротивно на тоа, овој удел беше најнизок во Чешка и Словенија, каде нешто повеќе од половина (52%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години телефонирале или одржувале видео разговори преку интернет во 2020 година во последните 3 месеци пред истражувањето.
Извор – www.marketing365.mk
Фото – Pxhere