4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Илон Маск инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин и цената на криптовалутата се дигна до небо

Kabtel desktop

Најпознатата и најпопуларна криптовалута, биткоин, вчера постигна уште еден рекорд на сите времиња достигнувајќи цена од 43.000 долари, покажуваат податоците на порталот CoinMarketCap. Причината за огромниот скок на вредноста на биткоин е тоа што Илон Маск потврди дека неговата компанија Tesla минатиот месец инвестирала 1,5 милијарди долари во таа криптовалута.

За да осигураат поголема флексибилност и да го диверзифицираат профитот, во Teslа ја надградија политиката на инвестирање во јануари годинава, покажу ваат податоците на американската Комисија за хартии од вредност и нивна размена.

Новата политика на инвестирање сугерира дека компанијата треба да инвестира повеќе пари во резерви на алтернативен имор, злато, берзански инвестиции итн.

За огромниот скор на цената на биткоин во јануари годинава повторно беше заслужен Илон Маск, кој во својата биографија го тагираше биткоин, по што цената на криптовалутата скокна на над 37.000 долари.

(Sputnik)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •