Слушнете како изгледа акапела изведба на звуци од Windows и iPhone

- Advertisement -

Корисниците на компјутери кои работат на Windows и на оперативниот систем на Apple веројатно и во сон можат да препознаат некои звуци ко ги слушаат секојдневно. Но, она што веројатно никогаш нема да помислат е дека речиси идентични звуци може да настанат само со пеење, односно акапела пеење. Дека нешто такво навистина е возможно покажа акапела изведбата на хор од Јужна Кореја, Maytree.

Тие на своите официјални канали на онлајн платформите на крајот на минатиот месец објавија кратко видео на кое репродуцираат звуци од компјутери кои работат на Windows. Нивната интерпретација навистина е неверојатна и фантастично ги измитирале звуците на стартување и гаснење на Windows, ставање и вадење на USB, како и бришење на датотеки од Recycle bin. Ако ги затворите очите и го пуштите ова видео, нема да ја разликувате нивната интепретација од вистинските звуци на компјутерот.

- Advertisement -

Некое време после тоа екипата одлучила да објави и видео на кое еднакво успешно имитираат и звуци на iPhone. Видеото трае нешто подолго од една минута и на него може да се слушнат разни мелодии какви корисниците на iPhone најчесто ги користат за ѕвонење, но и звукот на приклучување iPhone на полнач и на заклучување.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -