Агенцијата за претприемништвото го спроведува проектот SMecoMP во соработка со организации од Грција, Бугарија и Кипар

- Advertisement -

Агенцијата за подршка на претприемништвото на Република Северна Македонија го спроведува проектот „Алијанса на знаење во еко-иновативно претприемништво за зајакнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија – SMecoMP” во рамките на Програмата Интеррег Балкан-Медитеран.

Конзорциумот на проектот SMecoMP е составен од организации од четири балкански земји и тоа од Грција (Универзитет Македонија, Федерација на индустрии на Грција), Кипар (Технолошки универзитет на Кипар, линк на кипарски претпријатија), Бугарија (Бугарска индустриска асоцијација, Универзитет Тракија) и Северна Македонија (универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола, Агенција за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија) и се обидува да постигне прекугранична соработка помеѓу деловните субјекти и универзитетите со цел да се промовира и подигне свеста за иновациите во животната средина и претприемништво.

- Advertisement -

– Проектот SMecoMP се однесува на развој на образовна рамка и соодветни алатки за обука за подобрување на вештините на деловните директори во претприемништво за еко-иновации. Активностите на проектот вклучуваат организација на семинари за обука и конференции, спроведување на студии поврзани со вештините на деловните директори и нивните образовни потреби и работилници за еколошко претприемништво каде беа презентирани нови иновативни идеи, информираат од Агенцијата за подршка на претприемништвото.

Оттаму објаснуваат дека проектот SMecoMP има за цел воспоставување силен и издржлив сојуз на знаење меѓу институтите за високо образование, центрите за обука на стручно образование и малите и средни претпријатија, со цел да се промовираат еко-претприемништво, еко-управување и еко-иновација преку развој на образовна рамка засновано на солидно истражување и размена на искуства и најдобри практики, како и преку употреба на иновативни алатки и методи за обука.

- Advertisement -

Агенцијата за поддршка на претприемништвото информира дека заедно со Економскиот факултет – Прилеп, „Св. Универзитет Климент Охридски “- Битола, како една од активностите во проектот била основана Лабораторија за еко-иновативно претприемништво (ЕИЕ).

– Беа организирани работилници за олеснување на продуктивната дискусија за развој на модули и обуки во доменот на еко-иновативно претприемништво меѓу академските институции, деловните субјекти и студентите како идни претприемачи. Исто така, заедно организиравме програма за пред-инкубаторско советување и менторство обезбедена од експерти од академската заедница и деловниот сектор со цел да ги поддржиме новите претприемачи и да им дадеме можност да ги презентираат и елаборираат своите нови еко – иновативни идеи, за да ги постигнат посакуваните ефекти и развој во насока на еко – инвестиции и заштита на животната средина, велат од Агенцијата. 

- Advertisement -

Фото – Stock Snap

Сподели!
- Advertisement -