Концепт дизајн на пловечки континент кој го чисти океанот од отпадот и го подготвува за рециклирање освои надграда за дизајн. Импресивниот концепт дизајн наречен 8th Continent е пловечка станица која нуди решение за еден од најголемите проблеми на денешницата – отпадот во океаните.
Концептот е дело на Ленка Петракова, а осмислен е да го собира отпадот од океаните и го подготвува за рециклирање. Овој концепт доби награда за архитектура и иновации Jacques Rougerie fondacije.
Петракова е дизајнерка во компанијата Zaha Hadid Architects во Лондон, а својата идеја првобитно ја развила на Универзитетот на применети уметности во Виена, Австрија неколку години откако почнала да студира за загадување на океани.
Дизајнот е осмислен така за 8th Continent да плови во Тихиот Океан, а е составен од пет главни делови. Бариерата на континентот собира отпад и складира енергија од плимата, колекторот го сортира, го разградува и го складира отпадот, истражувачкиот и едукациски ценат се користи за учење и прикажување на ефектите врз океаните, зелените градини се наменети за одгледување билки и десалинизација на водата, а има и станбен дел за живеење.
Континентот е целосно самоодржлив, користи енергија од бранвоите, но и од сонцето благодарение на соларните панели. Петракова добила инспирација од морскиот свет, односно во живите самооодржливи водени организми.
„Сфатив колку се уништени океаните и колку видови се истребени, колку есеризно загадувањето и дека деловите во кои никогаш не стапнал човек сепак ги чувствуваат ефектите на нашите активности“ вели Петракова.
Со оглед на количината пластика која завршува во океаните, концептот би можел да помогне во подигањето на свеста и во промените кои се неопходни.
(Klix.ba)
(фото: YouTube screenshot)