НАСА ги објави првите фотографии од кратерот Езеро на Марс

- Advertisement -

Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии кои се направени со роверот Perseverance, кој пред два дена слета на Марс во кратерот наречен Езеро.

Само 24 часа после слетувањето на роверот НАСА објави фотографии на кои јасно се гледа површината на Марс. На роверот Perseverance се вграени 25 камери и два микрофони, а наскоро се очекува објавување и на првата аудиоснимка од Марс.

- Advertisement -

НАСА на Марс моментално има три вселенски ровери – InSight, Curiosity и Perseverance. Од последниот ровер најмногу се очекува во пограта по одговори за вечното прашање на траги од живот на Марс.

Кратерот Езеро го доби името уште во 2007 година. Во Меѓународната астрономска унија се одлучија за тоа име поради сличноста со местото каде што се влева река во Пливското Езеро на локалитетот ада кај босанскотo гратче Езеро.

- Advertisement -

(N1)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -