Идната година вселенскиот интернет на Маск ќе ја покрива целата Земја

- Advertisement -

До крајот на годинава земјината топка ќе биде покриена со вселенскиот интернет Starlink, а веќе идната година нема да има ќоше на Земјата кое нема да биде покриено, ги откри на Twitter амбициозните планови Илон Маск. Starlink се состои од бројни сателити лансирани во ниската орбита кои обезбедуваат вселенски интернет за корисниците на Земјата. Бројот на тие сателити постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и покриеноста на Земјата, како и брзината на интернетот.

Сепак, како што нагласи Маск, Starlink не е наменет за секој и во густо населените места предност секогаш ќе има класичниот интернет, додека сателитскиот интернет е наменет првенствено за корисниците кои живеат во рурални продачја на кои не е достапна инфраструктура за брз фиксен или мобилен интернет.

- Advertisement -

Дел од корисниците во САД веќе имаат прилика да уживаат во услугите на Starlink, со која се прилично задоволни затоа што брзината на интернетот е меѓу 50 и 150 Mbps, што е и повеќе од доволно за просечните корисници, со малку поголема латенција во однос на класичниот интернет. Со поголемиот број сателити и тие бројки ќе се подобрат со тек на време, па Маск вели дека до крајот на годинава латенцијата ќе изнесува околу 20 ms, додека брзината ќе се дуплира и корисниците повремено ќе можат да сурфаат и со брзина до дури 300 mbps. Сепак, предупредува и дека квалитетот и достапноста на интернетот ќе зависи од позицијата на корисниците, како и од препреките на сателитскиот интернет поради кои може да дојде до краткотрајни прекини на сервисот.

За да можат да примаат интернет сигнал од сателитите на Маск корисниците треба да имаат посебен терминал и рутер, а се разбира, потребно е и да плаќаат месечна претплата, која сега изнесува 99 долари.

- Advertisement -

(SlashGear)

(фото: Starlink screenshot)

Сподели!
- Advertisement -