Instagram ќе овозможи видеоповици

- Advertisement -

Instagram денеска ќе активира некои нови опции, меѓу кои се видеочетување и редизајнирана страница Explore. Страницата Explore сега ќе содржи копчиња на најгорниот дел на страницата, па корисниците ќе имаат можност да разгледуваат посебни теми како животни, фотографирање, архитектура итн. за да видат повеќе објави на таа тема.

Новата надградба значи дека може да наоѓаме повеќе содржини што навистина не интересираат, пренесува The Verge. Досега страницата Еxplore нудеше објави кои од Instagram мислат дека би не интересирале базиарно на пфорилите што ги следиме или лајковите на објави.

- Advertisement -

Instagram додава и видеочетување за корисниците, кое моментално е во тест фаза и наскоро ќе биде достапно на глобално ниво. За да почнете видеочет ќе треба само да кликнете на иконата за камера на горниот дел од страницата каде што можете да пишувате директни пораки.

За да креираше групен разговор или директни пораки на Instagram ќе треба да кликнете на иконата со авион во горниот десен агол, потоа да го изберете знакот „+“ и да ги изберете луѓето кои сакате да ги додадете во групниот разговор.

- Advertisement -

Видеочетувањето ќе овозможи разговори во живот со една личности или мала група, а можете да го минимизирате екранот во текот на разговорот и да се вратите на сурфањето на Instagram. Изминатите неколку месеци се зборуваше за можноста од овведување на опцијата, иако од Instagram уште не наведуваат максимум колку луѓе ќе можат да учествуваат во еден разговор истовремено.

Сподели!
- Advertisement -