Јапонци направија безболен и биоразградлив фластер кој ќе ги замени инјекциите

- Advertisement -

Научници од јапонскиот Универзитет Тохоко направија уред кој се напојува со биобатерии и може да дозира лекови со големи молекули долж целата површина на кожата, но и да извлекува течности со цел правење дијагностички анализи. Тимот предводен од Маџухико Нишизаво од Универзитетот го разви уредот помал од ноктот на малиот прст кој во себе има мрежа од порозни микроигли кои служат како меѓусебно поврзани цевки за вбризгување или извлекување течности, вклучувајќи и вакцини со големи молекули, па дури и инсулин.

Тоа е чекор подалеку од комерцијализираните фластери кои можат да внесуваат лекови базирани на мали молекули и кои се користат за дозирање постоперативни аналгетици или за лечење мигрена, а Нишизава истакнува дека неговиот тим го постигнал тоа без потреба за промена на големината на иглите.

- Advertisement -

Порозните микроигли се долги само 250 микрони, што е еднакво на дебелината на три човечки влакна, односно доволно за да пенетрира преку надворешниот слој на кожата без да ги оштети крвните садови или мрежата од нерви под кожата. Кога ќе се примени низок напон на мрежата на микроигли премачкани со хидрогел се создава проток на течности сличен како при користењето класични инјекции.

Тој проток се нарекува електроосмотски тек и тој може да го зголеми нивото на преносот на лекови преку кожата или брзината на извлекување на течностите кои потоа може да се тестираат, на пример, на ниво на глукоза или слично.

- Advertisement -

Ова истражување е првиот доказ дека електроосмотскиот тек кој го создава мрежа од порозни микроигли ја забрзува трансдермалната пенетрација на молекулите на лековите и извлекувањето на течности, вели Нишизава.

Уредот се напојува со биобатерија, која се состои од четири електроди и хемиската енергија е добиена така што ензимите го обработуваат шеќерот и атмосферскиот кислород ја претвора во електрична енергија. Биобатеријата и мрежата од порозни микроигли се наоѓа на леплив фластер кој е помал од бизнис картичка.

- Advertisement -

(Nano Magazine)

(фото: Youtube)

Сподели!
- Advertisement -