Меѓугодишната инфлација во еврозоната во февруари изнесува 0,9 отсто

- Advertisement -

Меѓугодишната инфлација во еврозоната во февруари 2021 година е стабилна и изнесува 0,9 проценти, иста како и во јануари, покажа денешната брза проценка на Статистичкиот завод на Европската унија, Евростат.

Гледано по главните компоненти на инфлацијата- цените на храната, алкохолот и тутунот во монетарниот блок во февруари се повисоки за 1,4 проценти на меѓугодишно ниво, во однос на годишниот раст од 1,5 отсто во јануари, покажаа првичните податоци објавени на веб-страницата на Евростат.

- Advertisement -

Следуваат услугите, што минатиот месец беа поскапи за 1,2 проценти во однос на февруари 2020 година (1,4 отсто во јануари), потоа индустриската стока без енергенсите, со стапка од 1,0 проценти во споредба со 1,5 процент во јануари, како и секторот енергетика чии цени во февруари се пониски за 1,7 проценти на меѓугодишно ниво (-4,2 отсто во јануари).

Од 19 земји-членки на еврозоната, Холандија во февруари има највисока меѓугодишна стапка на инфлација од 1,9 процент, процени Евростат, додека Грција забележува подлабока дефлација од минус 1,9 проценти.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -