Жито Лукс со инвестиција во нова технологија

- Advertisement -

Нова инвестиција реализираше компанијата Жито Лукс во фабриката за производство на леб. Од компанијата информираат дека инсталирана е нова современа технолошка опрема за пакување тост лебовите на парчиња, а целта е модернизација на процесот, но и унапредување на квалитетот и зголемување на безбедноста на производот. Оценуваат дека примената на новата технолошка опрема ќе го зголеми и капацитетот на производство во оваа растечка категорија.

„Со инвестициите што ги спроведуваме во последните неколку месеци, правиме големи чекори напред во обезбедување ефикасност и одржливост на нашата компанија. Со оваа нова инвестиција, ги надградуваме нашите стандарди во создавање модерен, попрактичен и безбедно спакуван тост леб на парчиња, со врвен квалитет, сѐ со цел да одговориме на барањата на потрошувачите, што е и наш приоритет. Овие инвестиции се реализираат во тешки и предизвикувачки времиња за целото општество и светската економија и јасно го прикажуваат духот на луѓето во нашата компанија, за што сме многу горди“, велат од менаџментот на Жито Лукс.

- Advertisement -

Како што наведуваат во соопштение од компанијата, ова е втора голема инвестиција во Жито Лукс што следи по неодамнешната модернизација на производството со целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. Посочуваат дека сите инвестиции кои се спроведени во последните години се во насока на растење и развивање на компанијата, а придонесуваат за поголем квалитет, зголемување на производните капацитети и палетата производи со цел да се одговори на растечката потреба на пазарот и барањата на потрошувачите.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -