Women in Tech Macedonia со нова серија обуки ги зајакнува жените со вештини за вештачка интелигенција и благосостојба низ Македонија

- Advertisement -

AI4HerWellbeing е еднодневна работилница која ги поврзува вештачката интелигенција, гешталт-терапијата и арт-терапијата, а се одржува во пет општини оваа пролет и лето.

Отворена е регистрацијата за AI4HerWellbeing, серија бесплатни обуки наменети за девојки и жени на возраст од 22 до 55 години. Обуките имаат за цел да го поддржат личниот развој и благосостојбата на учесничките, преку комбинирање на практична примена на вештачката интелигенција со терапевтски пристапи од гешталт и арт-терапијата.

- Advertisement -

https://cdn.revive-adserver.net/afc412751aa65bfd39d05e177f8aa011/index.html?clickTag=https%3A%2F%2Fservedby.revive-adserver.net%2Fcl.php%3Fbannerid%3D206082%26zoneid%3D28717%26sig%3Dc409f250fa912183a2ff5e4cb3c875ec6a8a7b1371f23e0297d57cebee20536f%26oadest%3Dhttps%253A%252F%252Fjobs.lidl.mk%252Fmk%252Fkaravan

Овие обуки имаат за цел да ги опремат учесничките со алатки кои можат веднаш да ги применат во секојдневниот живот и на работното место, со цел поголема јасност, фокус и личен раст.

- Advertisement -

Распоред на обуки

20 мај 2026, 12:00–16:00ч – Кавадарци

- Advertisement -

21 мај 2026, 14:00–18:00ч – Кочани

2 јуни 2026, 11:00–15:00ч – Битола

16 јуни 2026 – Куманово

18 јуни 2026, 12:00–16:00ч – Пехчево

Точните локации за секоја општина ќе бидат објавени дополнително.

Обуките ги водат два посветени експерти – М-р Моника Ризовска Таневска, Претседател на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје, говорник и тренер за AI модернизација, основач и извршен директор на Davleo Consulting и М-р Цветанка Штерјова Бурзевска, Лиценциран психолог, ЕАГТ гешталт психотерапевт и арт-терапевт.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, и се реализира во тесна соработка со општините домаќини.

Пријавување:

Девојки и жени на возраст од 22 до 55 години кои се заинтересирани за учество можат да се пријават на: https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6 

Women in Tech Macedonia со оваа серија обуки свесно избира децентрализиран пристап, носејќи ги дигиталните знаења директно, во Кавадарци, Кочани, Битола, Куманово и Пехчево.

Со овие дисперзирани обуки за Вештачка Интелигенција сакаме да придонесеме кон рамномерен дигитален развој на ниво на цела земја и да покажеме дека процесот на дигитализација не треба да биде привилегија на одредени средини, туку право достапно за секоја жена, каде и да живее.” – истакна Моника Ризовска Таневска, претседател на организацијата.

Women in Tech Macedonia е организација која веќе години активно работи на намалување на дигиталниот јаз меѓу жените и технологијата во земјата. Јадрото на нејзината мисија е едноставно и јасно: секоја жена и девојка, без разлика на возраст, образование или потекло, треба да има пристап до дигитални вештини кои ќе ја поддржат во нејзиното осамостојување, ќе ја зголемат личната продуктивност и ќе ѝ отворат нови можности, во работата, во бизнисот и во секојдневниот живот. AI4HerWellbeing е директен израз на таа мисија, обука која вештачката интелигенција ја претставува не само како работна алатка, туку и како средство за личен развој и зајакнување.

Работата на Women in Tech Macedonia не останува незабележана ни на глобално ниво. Организацијата е двократен добитник на светска награда за импакт, признание кое потврдува дека нејзините програми и иницијативи оставаат мерливи резултати далеку надвор од границите на земјата. Ова меѓународно препознавање е доказ дека моделот на работа, базиран на едукација, заедница и конкретни алатки за жените, е не само релевантен, туку и инспиративен пример за организации низ целиот свет.

Оваа година, Women in Tech Macedonia прави уште еден значаен чекор, под покровителство на Претседателката на Република Македонија, организацијата за прв пат ќе додели награди – Women in Tech Macedonia Awards, за истакнати организации, иницијативи и жени кои прават позитивна промена во своите средини и пошироко. Со овие награди, организацијата сака јавно да ги препознае и да ги поддржи оние кои со тивка, но постојана работа придонесуваат кон поинклузивно, подигитализирано и поправедно општество – затоа што промената секогаш почнува со луѓе кои храбро ја живеат.

- Advertisement -