Русија го лансираше првиот сателит кој ќе ги надгледува временските услови на Арктикот

- Advertisement -

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека вчера го лансирала првиот сателит чија основна задача ќе биде следење на климатолошките промени и услови во животната средина на Арктикот.

Како што наведоа во соопштението од Роскосмос, ракетата Soyuz 2.1b, која го носи сателитот Arktika-M, беше лансирана вчераутро во Казахстан. Шефот на руската вселенска агенција, Дмитриј Рогозин, напиша на Twitter дека лансирањето на ракетата поминало без поголеми турбуленции, но голем проблем претставувале временските услови на регионот на Казахстан.

- Advertisement -

Бев доста загрижен за ова лансирање. Ветерот беше многу силен и нашата ракета Soyuz-2 беше на граници на издржливост, но ракетата и нејзиниот контролен систем одлично ги поднесоа метеоролошките неприлики“, изјави Рогозин.

Сателитот Arktika-M ќе собира метеоролошки податоци од регионот на Арктикот и на тој начин ќе овозможи подобри временски прогнози, како и проучување на временските услови во тој регион, каде што во последните неколку години се случува забрзано топење на ледот и ги загрижува научниците.

- Advertisement -

Освен што ќе го надглдува Арктикот, односно Арктичкиот Океан, Arktika-M ќе ги надгледува временските услови на целата Земја. Но, од Роскосмос истакнаа дека за ефикасно следење на секојдневните временски услови на Земјата потребен е уште еден таков сателит. Лансирањето на вториот сателит Arktika-M е планирано за 2023 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -