Lua е паметна саксија која растенијата ги претвора во миленичиња

- Advertisement -

Lua е саксија дизајнирана да ги претвори вашите растенија во вистински миленичиња кои ќе комуницираат со вас. Со помош на сензори паметната саксија прикажува 15 различни универзални анимации. Саксијата ја мери влажноста на почвата, изложеноста на светлина, температурата и сл. за да ги одржува вашите растенија живи и здрави.

Апликацијата за Lua лесно се инсталира и се користи. Апликацијата генерира QR код кој Lua може да го прочита и да го разбере. Бидејќи вашите растенија имаат свои потреби, но вие никогаш не сте сигурни кога и што треба да направите, Lua ќе ви биде од голема помош.

- Advertisement -

За да ја користите Lua и нејзината апликација ви треба само конекција на интернет еднаш за симнувањето на апликацијата и кога веќе ќе биде функционална, саксијата работи и офлајн.

Lua е смислена во канцелариите на компанијата Mu Design во Луксембург. Таа е дел од проектот Ulo.

- Advertisement -

(Indiegogo)

(фото: Indiegogo screenshot)

Сподели!
- Advertisement -